Новости

Рецепти

Мини-тулумби со гриз: Вкусот е уште подобар на овој начин

Овие мини тулумби ќе станат вашиот омилен десерт..

Состојки:
  • 360 грама брашно
  • 140 грама гриз
  • 2 белки
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 чаши јогурт (360 грама)
  • екстракт од ванила
  • 100 милилитри масло
  • 1 прашок за печиво

За сирупот

  • 800 грама шеќер
  • 500 милилитри вода
  • 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 70 милилитри масло за пржење
Приготвување:

Најдобро е сирупот да го приготвите еден ден претходно, но ако не стигнете, може и истиот ден. Загрејте вода и шеќер и откако ќе зовријат, додајте лимон и ванилин шеќер, па загревајте уште 10 минути.

Во сад ставете јогурт, белки, масло, ванилин шеќер и екстракт од ванила и измешајте.

Додајте гриз, промешајте, па потоа сипете брашно и прашок за печиво.

Ставете го тестото во шприц па сипувајте го во врело масло.

Пржете ги тулумбите додека не добијат боја со непрестајно мешање откако ќе испливаат на површина, па вадете ги со лажица со дупчиња и ставајте ги во сирупот.

Кога ќе го впијат сирупот, извадете ги во посебен сад и прелејте ги со остатокот од сирупот, ако ви останал, и послужете ги.

Добар апетит!

GOLD
To Top