Новости

Рецепти

Направете домашни баунти чоколади

Вкусен и здрав десерт кој ќе го обожавате…

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 шолја слатка павлака
  • 1/2 шолја шеќер во прав
  • 2 шолји кокосово брашно
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици мед

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад соединете слатка павлака и шеќер во прав. Потоа додајте кокос и измешајте. Кога масата убаво ќе се соедини правете топчиња или правоаголни колачиња.
  2. Растопете чоколадо и мед. Полека спуштајте ги колачињата во чоколадо и ставајте ги на хартија за печење, а потоа во фрижидер.
  3. По неколку часа колачите се спремни за послужување.

Уживајте!

 

 

 

 

 

 

 

Извор: готви.мк

GOLD
To Top