Новости

Рецепти

Најдобра и најлесна чоколадна торта без печење

Ако не сакате да минувате премногу време во кујната и сакате да приготвите лесен летен десерт, овој рецепт е совршен за вас.

Има ли нешто подобро од чоколадна торта?

Потребни состојки:

  • 50 гр. бисквити
  • 7 лажици путер (стопен)
  • 680 гр. крем сир
  • 200 гр. шеќер во прав
  • Екстракт од ванила
  • 200 гр. чоколада (стопена)
  • 250 гр. путер од кикирики
  • 126 гр. шеќер во прав

Ставете ги бисквитите во кеса и со помош на оклагија изронете ги добро. Ставете ги потоа во чинија во која ќе го додадете истопениот путер. Мешајте додека не добиете смеса која личи на мокар песок. Распоредете ја смесата во тавче и ставете ја во фрижидер.

Во меѓувреме, ставете го крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата и убаво миксирајте. Внимавајте да нема грутчиња во смесата. Ставете го овој фил преку кората од бисквити и путер. Вратете повторно во фрижидер.

Во голема чинија, измешајте го путерот од кикирики со остатокот од шеќерот во прав и убаво соединете ја смесата. Додадете ја врз чоколадната торта и измазнете убаво.

Оставете да отстои во фрижидер 2-4 часа пред да ја пробате.

GOLD
To Top