Новости

Рецепти

Неодоливи мафини со јагоди

За кратко време подгответе ги највкусните мафини со јагоди!

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр глатко брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200 гр јагоди
  • 1 ванилин шеќер
  • 30 гр мелени бадеми
  • 1 јајце
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр путер
  • 180 гр јогурт

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Јагодите исечкајте ги на парчиња. Во еден сад спојте брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер и мелени бадеми. Во друг сад измешајте јајце со шеќер, растопен путер и јогурт. Додајте ги сувите во влажните состојки и измешајте.
  2. Јагодите измешајте ги во смесата. Намастете калапи за мафини и наполнете ги малку повеќе од половина. Печете на 180 степени околу 25 минути.

Уживајте!

 

 

 

 

 

Извор: Готви.мк

GOLD
To Top