Новости

Рецепти

Освежувачки овошен колач

Подгответе неодолив овошен колач и освежете се во врелите денови..

СОСТОЈКИ:

  • 150 гр мелени бисквити
  • 250 гр путер
  • 400 гр слатка павлака
  • 4 лажици кисела павлака
  • 4 лажици мед
  • овошје по избор
  • листови нане
  • овошен сируп по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Бисквитите измешајте ги со растопен путер, па смесата распоредете ја на дно на калап за торта и оставете во фрижидер 10-15 минути, да стегне.
  2. Во блендер ставете ги двата вида павлаки и мед, па пасирајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа распоредете преку кората од бисквити и повторно вратете го колачот во фрижидер, овој пат на половина час.
  3. Овошјето со лажица нанесете го преку колачот, прелијте со сируп и украсете со листови нане.

Уживајте!

 

 

Извор: Готви.мк

GOLD
To Top