Новости

Рецепти

Палачинки меки како пена: Мора да го запишете овој трик

Вака приготвените палачинки може да ги јадете и наредниот ден.

Тајната на палачинките што се меки и воздушести како пена не е толку во составот колку што е во еден трик.

Еве за што станува збор…

Состојки:
  • 200 грама брашно
  • 200 милилитри млеко
  • 200 милилитри кисела вода
  • 2 лажици масло
  • 1 ванилин шеќер
  • кора од 1 лимон
  • прстофат сол
  • 1 цело јајце
  • 1 белка
Приготвување:

Со миксер изматете млеко и јајце, па додајте кисела вода, ванилин шеќер, кора од лимон, масло и брашно. Посебно изматете со миксер снег од 1 белка, па со лажица постепено вмешувајте го во смесата за палачинки.

Токму поради вака вмешаната белка, палачинките ќе бидат меки и воздушести.

Пропржете ги вака изматените палачинки на малку масло и филувајте по желба.

GOLD
To Top