Новости

Рецепти

Погача од стар леб

Потребно е:
околу 800 г стар леб
150 мл млеко
500 мл јогурт
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажица рендан пармезан
на врв на нож сода бикарбона
1 лажица путер, за премачкување на тавата
сусам, ким, ленено семе, по желба – за посипување

Приготвување:
– Лебот исечете го на мали коцки, постепено прелијте го со млеко и измешајте го со рака (кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање млеко).

– Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбоната. Матете додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или, пак, со други семки, по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.

GOLD
To Top