Новости

Рецепти

Посен ручек: Крцкави ослич филети со сочен зеленчук

Ви нудиме идеја за посен ручек кој можете да го подготвите кога се пости на риба.

Состојки:

  • 1 поголема тиквичка
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 поголем кромид
  • 1 лажица Вегета
  • 50 мл. масло
  •  ½ лажица мелен бибер
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот, па динстајте го кратко време на маслото додавајќи малку вода.

Додадете ги сечканите морковите и компирот, налејте вода да ги прекрие, додајте го сувиот зачин и оставете да се готват.

Кога ќе бидат полу сварени додадете ја тиквичката исечкана на коцки.

Додајте уште вода, сè да биде прекриено, додадете бибер и оставете да се вари.

Кога сите состојки ќе се сварат, додадете вода, за сè да остане сочно. Брашното промешајте го со малку вода и додадете го во тенџерето.

Оставете да се вари уште пет минути и тргнете од оган.

По желба зачинете со копар и магдонос.

Откако го подготвивте зеленчукот, преминете на рибата.

Состојки:

  • 1 кг. филети ослич
  • сол
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици лебни трошки
  • 2 лажици сусам
  • магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте плех за печење.

Филетите одмрзнете ги, исушете ги, исечете ги и посолете ги.

Секое парче извалкајте го во комбинација од брашно, лебни трошки, сусам и магдонос.

Наредете ги во плех за печење и печете околу 1 час.

GOLD
To Top