Потребни состојки:

300 г пченкарно брашно (или за палента)

300 г бело брашно

4 лажици гриз

неполна чаша (од 200 мл) масло

2 чаши минерална вода

1 прашок за печиво

1 врзоп блитва

1 чен лук

зачини по вкус

Начин на подготовка:

Обарете ја блитвата па со сечканиот лук пропржете ја додека не омекне,зачинете со зачинска сол, црн пипер и со миксер вмешајте во останатите состојки. Смесата истурете ја во плех (20х20 см) намачкан со масло и наросен со брашно или покриен со хартија за печење, наросете со сусам и печете во рерна загреана на 220. степени, околу 20. минути.