Новости

Рецепти

Похуван карфиол од рерна: Без грам маснотии

Време е максимално да го искористите карфиолот..

Овој рецепт ќе ве инспирира да приготвите здрав и вкусен ручек.

Состојки:
  • 500 г карфиол
  • брашно
  • лебни ронки
  • сол
  • масло
  • 4 јајца
  • 200 г кисела павлака
  • 100 мл јогурт
  • 4-5 чешниња лук
Приготвување:

Искинете ги цветовите од карфиолот, па сварете го малку, исцедете го и исушете го. Во отворите на цветовите, додајте издробен лук и посолете.

Намрсете го па извалајте го во брашно, изматени јајца и лебни ронки. Подмачкајте тепсија со масло, па наредете го карфиолот.

Во преостанатиот фил додајте уште едно јајце, малку павлака и јогурт. Измешајте, па прелејте го врз карфиолот. Печете на 200 степени Целзиусови 40-45 минути.

GOLD
To Top