Новости

Рецепти

Превкусна домашна штрудла од јаболка

Штрудлата е еден од најпопуларните десерти во светот, а постојат многу различни варијанти на подготовка на овој превкусен колач.

Потребни состојки:

1 пакување кори за пита

1 кг кисели јаболки

100 грама шеќер

50 грама маргарин

цимет

малку рум или млеко

суво грозје

сладолед од ванила

Подготовка:

Корите за питата намачкајте ги со стопениот маргарин, па потоа додадете ги претходно изренданите јаболки.

Посипете со шеќер, цимет и суво грозје, кое претходно ќе ги натопите во рум или млеко. Направете ролад од корите и ставете го во сад за печење, подмачкан со маргарин.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час до 40 минути, додека кората не добие жолтникава боја. Оставете ја штрудлата да се излади, потоа исечете ја на парчиња, посипете со шеќер во прав и сервирајте со сладолед од ванила.

GOLD
To Top