Новости

Рецепти

Предлог ручек за Цветници: Филети од ослич со зеленчук

Доколку го постите Велогденскиот пост, тогаш утре на Вашата трпеза сигурно планирате да се најде риба. Ако немате идеја што да зготвите, постои еден интересен рецепт…

Ручекот е готов за помалку од 25 минути:

Потребни состојки:

  • Пакување замрзнат зеленчук по избор
  • 4 – 5 големи свежи шампињони
  • Малку масло
  • Малку зачин за посолување
  • Смрзнат ослич (количината ја одредувате според моменталната потреба)

Подготовка:

Во еден сад за готвење ставете го замрзнатиот зеленчук, прелијте го со шолја вода, поклопете го и оставете го да се динста на рингла која е вклучена на највисока температура. За тоа време, измијте ги шампињоните, исечкајте ги на крупни парчиња и додадете ги во садот.

Во друг сад, на масло, пржете ги филетите ослич. Ако рибата сè уште е замрзната, а ви се брза, ставете ја замрзната во садот за готвење. Водата ќе се растопи и дополнително ќе ја зготви рибата. Оставете ја и неа да се динста.

По 20 минути зеленчукот веќе треба да е целосно готов, па можете слободно да го тргнете од ринглата. Само посолете го со зачин.

Ви преостанува рибата. Ако во садот сè уште има многу вода, истурете ја течноста, додадете уште малку масло и продолжете со пржење. Посолете ја по желба и не се грижете ако почне да се распраѓа.

Кога сè заедно ќе ставите во чинијата ќе изгледа убаво, а и ќе имате комплетен посен оброк кој можете да го послужите како ручек или вечера.

crnobelo.com

GOLD
To Top