Новости

Моја кујна

Сѐ за храна: Сочни ќофтиња од ослич

Сигурно и вас ви се досадиле класичните рецепти, па тука сте да испробате нешто ново и вкусно. Ви претставуваме супер рецепт за сочни ќофтиња од ослич кој се прави со едноставни состојки.

Може да ги послужите за ручек или вечера, во комбинација со пире, прилог од компири, пире од компири и блитва, спанаќ или со салата по желба. Брзо и лесно до вкусно јадење!

Состојки:

  • 650 гр филети од ослич
  • 1 парче (80гр) леб
  • 60 гр ситно рендан кашкавал
  • 1 мало јајце
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • ¼ лажиче мајчина душичка
  • 1 чешне ситно сечкан лук
  • сол и црн пипер по вкус
  • по потреба масло за пржење
  • брашно или лебни трошки по желба за валкање на ќофтињата.

Подготовка:

  1. Рибата исечете ја на помали парчиња и ставете ја блендер. Блендирајте ја да се направи мазна смеса. Потоа префрлете ја во сад.
  2. Лебот ставете го во малку вода да се натопи и омекне. Потоа убаво исцедете го од водата и додајте го во рибата.
  3. Во садот со рибата додајте ги кашкавалот, јајцето, магдоносот, лукчето, зачините и измесете ја смесата да се соедини.
  4. Со навлажнети раце направете ќофтиња, помали или поголеми како ќе сакате и извалајте ги во брашно или во лебни трошки.
  5. Ќофтињата пржете ги во тава со загреано масло на умерен оган, од двете страни додека поруменат. Пржените ќофтиња од ослич извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  6. Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата и слично.

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top