Новости

Рецепти

Чоколадни бомбици со ѓумбир: Експлозија од витамини, минерали и здравје

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати 18 грама, протеини 2 грама и масти 1 грам. Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум имагнезиум.
Состојки:

200 ml сладок течен готварски крем

300 г црно чоколадо

1 лажиче цимет

1 лажиче ѓумбир во прав

150 г ѓумбир бисквити

Подготовка:

Ставете го во сад за готвење кремот така што ќе зоврие на тивок оган. Потоа, додадете го чоколадото, циметот и ѓумбир и мешајте постојано. Кога ќе се добие хомогена смеса, може да се отстрани од топлина и да оставите да се излади, а потоа да ја оставите во фрижидер за 2-3 часа.

Искршете ги добро бисквитите и ставете ги во сад. Со помош на лажичка земете малку од чоколадната смеса и оформете топче кое ќе го извалкате во бисквитите. Откако бонбоните се подготвени може да ги оставите за уште неколку минути во фрижидер или директно да ги каснете во пријатно друштво.

GOLD
To Top