Новости

Рецепти

Шампињони во бешамел сос: Неодоливо кремаво предјадење што ќе ве воодушеви од прво залче

Вкусно предјадење ..

Потребни состојки:
  • 400 грама шампињони
  • околу 40 грама путер
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сол
  • прстофат мелен бибер
  • 1 лажичка сув зачин
  • 3 лажици брашно
  • 6 децилитри млеко
  • половина лажичка мускатно оревче
  • 2 децилитри кисела павлака
Приготвување:

Измијте ги шампињоните, исцедете ги и исечкајте ги по желба. Потоа, пропржете ситно сечкан кромид на путер. Додајте исечкан лук, па исечканите шампињони и пржете ги со повремено мешање околу 10 минути. Додајте сол, бибер и сув зачин.

Кога течноста што ја пуштиле шампињоните ќе почне да се намалува, додајте брашно и пропржете го кратко, мешајќи со лажица.

Долевајте по малку ладно млеко, притоа непрестајно мешајќи. Како што сосот ќе станува погуст, долевајте по малку млеко и мешајте. Додавајте млеко сè додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.

Додајте уште малку сол и сув зачин по вкус, па изрендајте мускатно оревче.

Кога ќе ја добиете посакуваната густина, тргнете го тенџерето од рингла, додајте кисела павлака и мешајте додека не се соединат сите состојки од сосот.

Добар апетит!

GOLD
To Top