Новости

Рецепти

Без конзерванси: Шарена салата, идеална за зимските денови

Важно е да одберете свеж и здрав зеленчук. Салатата се прави без конзерванси.

– 2кг краставица

-2кг карфиол

– 2кг жолта пиперка

-1 кг црвена пиперка

-1 кг морков

-0,2 л оцет

-10 л вода

-250 г шеќер

-250 г сол

-бибер во зрно

-ловоров лист

Начин на подготовка:

Зеленчукот измијте го добро, па исчистете го. Исчистен и измиен, добро исцедете го, а потоа исечете на тркалца или ленти, може и рендан, по желба. Може и да комбинирате.

Во добро измиени и исушени тегли редете го зеленчукот, не го стискајте. Добро наполнете ги теглите и во секоја додадете ловоров лист и бибер во зрно.

Измешајте ја водата со шеќерот, солта и оцетот и сварете ја. Додека преливот е уште врел, истурете врз зеленчукот во теглите. Полнете ги теглите и затворајте ги. Долевајте постепено вода за да не пукнат теглите. Водата треба да го прекрие зеленчукот.

Теглите добро затворете ги и ставете ги во рерна загреана на 100 степени. По половина час исклучете ја рерната, но не ја отворајте. Оставете теглите целосно да се оладат, не само рерната туку и теглите.

Чувајте ја салатата на студено и темно место.

Евротип
Евротип
To Top