Новости

Рецепти

Богатата пена и двоен ефект – Кафеџиско уживање и рецепт кој го освои TikTok

Кафето е култ, кафето е пријателство, разговор, среќа, една кафе – многу приказни, а денес ќе ја споделиме приказната за кафето наречено Далгона, кое е подеднакво фотогенично и вкусно, а доаѓа од Јужна Кореја. Се чини дека рецептот за ова кафе ги освои корисниците на социјалната мрежа TikTok,. Ве покануваме да останете со нас подолу и да ја откриете тајната на неговата популарност.

Како што можете да претпоставите, жителите на споменатата азиска земја дошле на идеја во деновите на карантин, поради ширењето на вирусот Ковид-19. Рецептот набрзо ги освои и другите континенти, а сега многу луѓе го користат слободното време за да пробаат нешто ново и различно. Она што ве освојува на прв поглед и голтка е богатата пена и двојниот ефект. Покрај тоа, многу лесно се подготвува и постои голема можност сите состојки веќе да ги имате во кујната. Во следните редови прочитајте како може да го подготвите овој вкусен пијалок, а попатно и да создадете феноменални фотографии.

Состојки:

2 лажици инстант кафе

2 лажици шеќер

2 лажици топла вода

¾ чаша млеко

мраз

Подготовка:

1. Кафето, шеќерот и топлата вода сипете ги во шолјата.

2. Земете жица за инстант кафе, ако имате, или слична направа и мешајте 8 до 10 минути, додека не добиете густа пена.

3. Подгответе чаша или шолја во која ќе го послужите напитокот и во неа прелијте млеко (ако сакате претходно додадете неколку коцки мраз).

4. На крајот внимателно посипете ја подготвената пена одозгора и уживајте во глетката и се разбира во феноменалниот вкус на уште едно кафеџиско задоволство.

Евротип
SNBROKER
To Top