Новости

Рецепти

Брзо и лесно: Запечени макарони со сирење и брокула

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

450 гр тестенини

400 гр брокула

2 лажици путер

30 гр брашно

1 главица кромид

30 чешниња лук

500 мл млеко

350 мл бујон од зеленчук

250 гр рендан чедар

100 гр пармезан

30 гр презла

Сол

Бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги макароните во солена вода според упатството на пакувањето. Три минути пред крајот додајте и брокула.

Растопете го путерот и додајте сечкан лук и кромид па динстајте додека да омекнат, а потоа додајте и брашно. Додека мешате, полека додавајте млеко и бујон. Оставете го сосот да врие додека да се згусне и повремено мешајте.

Тргнете го сосот од оган, додајте чедар и пармезан и посолете.

Во голем сад премачкан со путер додајте ги макароните и брокулата, полијте со сосот и додајте презла. Печете 20-30 минути на 200 степени.

GOLD
To Top