Брз колач од вишни и јаболка

Со овој брз колач не само што ќе заштедите време, туку и финансии. Прочитајте што ви е потребно и како да го подготвите овој вкусен, сочен и лесен рецепт во кој ќе ужива целото семјество.
Состојки:
2 шолји шеќер, 3 чаши вода, 2 шолји масло, 7 шолји брашно, лажичка сода бикарбона, 5 рендани и исцедени јаболка, вишни по желба и малку цимет.
Подготовка:
Во сад истурете вода, масло и шеќер, измешајте, додадете брашно, сода бикарбона, ренданите јаболка, вишните и циметот.
Истурете ја масата во намрсена и набрашнета тава за колачи и печете на 180 степени околу 50 минути, додека центарот не се исуши.
Послужете ја тортата изладена.
