Новости

Рецепти

Брз, лесен и вкусен: Домашен сникерс за само 10 минути

Доколку ги сакате чоколадите Сникерс и никогаш не ви е доста од ваквите благи задоволства, овој рецепт е одлично решение за вас. Освен што времето на подготовка овој колач е кратко, истиот сигурно ќе им се допадне на сите.

Потребни состојки:

300 грама шеќер;

2,5 децилитри вода;

250 грама маргарин;

100 грама чоколадо;

400 грама скршени бисквити;

300 грама сецкани и печени кикирики

2 лажици мед.

Состојки за карамелот:

едно кесе карамел бомбони;

60 милилитри слатка павлака.

Состојки за глазура: 

150 грама чоколадо;

4 лажици масло;

20 грама маргарин.

Подготвка:

Сварете ги шеќерот и водата, па додајте ги маргаринот и чоколадото. Кога смесата убаво ќе се соедини, тргнете го садот од оган и додајте ги бисквитите и печените кикирики.

Тепсијата или садот во кој ќе го редите колачот, подмачкајте го.

Топлата смеса ставете ја во тепсијата, премачкате ја медот. Потоа на пареа или во микробранова печка стопете ги карамел бомбоните со слатката павлака. Оставете да се олади.

На тивок оган растопете ја чоколадата со маслото и маргаринот. Кога убаво ќе се соедини смесата, прелијте ја врз колачот. Одозгоре може да го декорирате со цели парчиња кикирики, а потоа истиот ставете го добро да се олади.

Кога добро ќе се олади, исечете го и послужете го.

GOLD
To Top