Новости

Рецепти

Брз ролат без печење!

Ако сте и вие од оние типови кои сакаат брзи и ефектни рецепти, кои покрај тоа што не одземаат многу време и не им е потребно печење, се вкусни, овој десерт е токму за вас.

Состојки:

*150грама путер

*150 грама шеќер во прав

*3 помали банани

*3 поголеми јаболка

*сок од половина лимон

*300 грама мелени бисквити.

За декорација

*200 мл слатка павлака

*парчиња банана

*рендано чоколадо.

Подготовка на ролатот:

Користете миксер, изматете го путерот на собна температура и шеќерот во прав во голема чинија. Земете една банана, изгмечете ја со вилушка и додадете, а потоа промешајте понатаму со миксер. Излупете ги преостанатите две банани и прелијте со сок од лимон за да не поцрнат.

Излупете јаболко и изрендајте го. Потоа рачно исцедете го сокот и додадете ги во садот со изматениот путер. Во оваа смеса додадете мелени бисквити и сето тоа добро измешајте го додека не добиете хомогена смеса. Додадете малку сок од лимон што претходно сте го истуриле врз бананите.

Кога смесата ќе се измеша добро, формирајте ролат со помош на пластична фолија, ставајќи две банани по должина во средината. Користете фолија, обликувајте ја ролната за да добиете убава овална форма.

Можете исто така да користите и калап. Во овој случај, ставете ја фолијата во калапот, ставете малку од смесата, над неа бананите по должина и покријте ја со остатокот од смесата. Кога добро ќе се олади во фрижидер, свртете го ролатот од калапот. Пријатен апетит!

СН Брокер
To Top