Новости

Рецепти

Брускети со „чери“ домати, сирење и маслинки – едноставно и вкусно

Сакате да уживате во појадок, вечера или едноставна ужина со семејството, а немате многу време да подготвите некој посебен специјалитет со којшто ќе ги израдувате домашните.

Ви предлагаме да подготвите едноставен и брз италијански специјалитет. Ароматичните, крцкави лепчиња-брускети со малите „чери“ доматчиња и фета сирење во вашиот дом ќе го донесат вкусот на Италија.

Потребно ви е:

француски багет
две чешниња лук
250 грама „чери“ домати
1 авокадо
5-6 парчиња сушен домат
10 црни маслинки
50 грама фета сирење во маслиново масло
со, бибер
маслинови масло
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете го лебот на кришки околу еден сантиметар и наредете го во тепсија обложена со хартија за печење. Печете ги брускетите 10 минути. Во меѓувреме подгответе ги останатите состојки.

Доматите и авокадото исчете ги на ситни коцки, маслинките ако се поголеми насецкајте ги на половинки, сушениот домат на долги ленти. Лукот сечете го на половина и премачкајте ги топлите брускети.

На секој брускет ставете свеж и сушен домат, авокадо, маслинки и коски фета сирење. По желба додате сол, бибер и на крајот прелиј те ги со неколку капки „балсамико“ оцет, маслиново масло и брускетите се готови.

Послеужете ги додека се топли и ужувајте во вкусот. На здравје!

Евротип
SNBROKER
To Top