Новости

Рецепти

Вкусен и здрав десерт: Ако се чувствувате поспано и мрзеливо, пробајте ги овие енергетски топчиња

Овие енергетски топчиња се одлични како попладневна ужина пред вежбање..

Состојки:
  • 100 г урми
  • 150 г кикиритки
  • 150 г суви кајсии
  • 50 г суво грозје
  • 100 г бело чоколадо
  • 2 лажици мед
Приготвување:

1. За приготвување на смесата за енергетските топчиња, урмите, сувите кајсии и сувото грозје се сечкаат на ситни коцки. Половина од кикиритките се мелат, а преостанатите кикиритки се сечкаат ситно. Во сад се соединуваат приготвените состојки и добро се промешуваат.

2. Белото чоколадо се топи на пареа, па се додава во приготвената смеса. Се додава медот, па со рака се замесуваат состојките, потоа смесата се остава да отстои во фрижидер, да се зацврсти за полесно обликување.

3. По одморањето, со влажни раце се обликуваат топчиња со еднаква големина, па до половина се валаат во кокос. Се оставаат во фрижидер да се зацврстат, па се префрлаат на чинија за послужување.

GOLD
To Top