Новости

Рецепти

Вкусна крем супа од тиква и моркови

Зачекоривме во есенската сезона и тоа значително го менува она што е на нашето мени. Но, тоа во никој случај не значи дека мора да биде нездраво, затоа ви препорачуваме рецепт за вкусна и здрава крем супа од тиква во која несомнено ќе уживате во наредните постудени денови.

Потребни состојки:

  • 1 кг тиква
  • 3 поголеми моркови
  • 3 компири
  • 2 кромиди
  • половина зелена помала пиперка
  • 2 гранчиња целер, иста количина на магдонос
  • павлака за готвење (по избор)
  • 2 лажици маслиново масло
  • путер на врвот на нож

Излупете ја тиквата, изрендајте ја и исечете ја на парчиња. Ставете ја да зоврие така што водата го покрива зеленчукот за 2 прста. Додадете масло, сол и бибер и варете додека зеленчукот не омекне.

По готвењето, измешајте со мешалка. Во супата додадете путер, зачини и, ако сакате, павлака за готвење.

GOLD
To Top