Новости

Рецепти

Вкусни домашни еклери со дипломатски крем

Направете вкусни домашни еклери со дипломатски крем, всушност тоа е италијански вид на фил кој го користат во подготовка на многу торти и слатки, се содржи од 70-80 проценти матена слатка павлака и 20-30 проценти крема пастичера.

Состојки: 

За тестото: 

  1. 300.гр вода
  2. 250гр. масло за јадење
  3. 300гр. брашно
  4. 6 јајца

За кремот: 

  1. 500мл. матена слатка павлака
  2. 100гр. млеко
  3. 25.гр слатка павлака
  4. 2 жолчки
  5. 23 гр. шеќер
  6. 9 гр. нишесте
  7. 1 лажичка арома од ванила
  8. 100гр. чоколадо

Подготовка на крема пастичера: 
Во тенџере на оган додадете ги млекото, слатката павлака и аромата од ванила. Во сад за оган изматете ги со жица за матење останатите состојки, а потоа додајте ги во тенџерето на оган кај веќе жешкото млеко. Варете ги додека смесата згусти, повремено мешајќи со жица за матење. Готовата крема пастичера оставете ја да се олади покриена со фолија на собна температура. Откако ќе се излади со спатола се меша заедно со претходно изматената слатка павлака.

Подготовка на тестото за еклери: 
Водата и зејтинот ставете ги во тенџере на оган да зовријат. Откако ќе зовријат се додадете го брашното и отстранте го тенџерето од оганот, мешајте со дрвена лажица додека смесата не стане хомогена и оставте ја да се излади.
Тавата за печење премачкајте ја со масло за готвење. Вклучете ја рерната да загрее на 200 степени.
Додавајте ги јајцата едно по едно во изладената смеса додека матите со миксерот со додатокот за месење. Потоа со лажица префрлете форми од смесата на тавата за печење. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Филувајте ги откако ќе изладат.
Во сад на пареа растопете го чоколадото и со помош на лажица премачкајте ги филуваните еклери.

 

 

Извор: Мои рецепти

GOLD
To Top