Новости

Рецепти

Едноставен, кремаст и вкусен – неодолив колач со јагоди

Одличен десерт за засладување по ручекот.

Состојки:

4 јајца
160 гр. шеќер
1 лажица шеќер во прав
120 гр. брашно
3 големи лажици жешка вода
1 кесичка прашок за печиво и прстофат сол

Фил:

500 гр. свежи јагоди
1 кесичка пудинг од ванила
2 лажици шеќер
500 мл млеко
1 кесичка желатин за колачи
250 мл студена вода

Подготовка:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот, па додадете ги останатите состојки и се заедно измешајте.

Смесата ставете ја во калап или тава (30 цм) и печете во загреана рерна околу 10 минути.

Пудингот сварете го во млеко, желатинот во студената вода, па додадете го во пудингот и варете заедно околу 5 минути. Јагодите исечете ги на кругови, наредете ги врз кората, па додадете го варениот пудинг.

Оставете да се излади и на крај декорирајте со шлаг ако сакате.

Евротип
SNBROKER
To Top