Есенска закуска: Брз намаз од тиква

Италијанскиот регион Емилија-Ромања изобилува со тикви наесен. Затоа не е чудно што локалното население ја обожава тиквата како намирница во своите слатки и солени јадења.
Зука сфанта, или згмечена тиква на италијански јазик, е името на популарниот намаз од тиква што се јаде низ цела Италија. Тој е особено популарен во еврејската заедница и се подготвува за прославата на значајниот еврејски празник Рош ашана.
Потребни состојки:
1,5 кг кобоча или мускантна тиква
3 супени лажици маслиново масло
1 кромид
½ л вода
грст свеж босилек
грст свеж магдонос
сол и бибер по желба
Подготовка:
Излупете ја тиквата, извадете ѝ ги семките и исечете ја на помали коцки.
Во голема тава загрејте го маслиновото масло и во него издинстајте го исечканиот кромид. Додадете ги парчињата тиква и пржете ги некое време. Прелијте ја тиквата со половина литар вода. Додајте сол или бибер по желба, па додадете ги и сечканиот босилек и магдоносот.
Гответе уште околу половина час, сѐ додека тиквата не омекне доволно за да се пасира со вилушка. Испасирајте ја тиквата и додајте дополнителен зачин по желба.
Намазот од тиква послужете го со пекарски леб или со крекери.
Добар апетит!
