Новости

Рецепти

Здрава пица од карфиол – Необичен микс од вкусови во кој ќе уживате

За денес избравме да ви претставиме рецепт кој е погоден и за веганите. Во овој случај важно е тестото, а филот можете да го комбинирате по сопствен или по вкусот на оние за кои ќе го подготвувате овој необичен специјалитет. Се надеваме дека ќе му дадете шанса на овој здрав рецепт.

Состојки:

1 средна главица карфиол
1,5 супени лажици ленено семе
3 лажици снегулки, хранлив квасец или вегански пармезан
¼ лажичка сол
1 лажичка оригано
1 лажичка босилек
1 лажичка лук во прав
1 лажица пченкарен скроб
1 лажица пченкарно брашно

Фил или додатоци по избор за полнење на пица (сос од домати, сирење, зеленчук)

Подготовка:

1. Карфиолот се ренда за да се добијат ситни парчиња (со големина на зрно ориз). Варете ги во врела вода 5 минути, па добро исцедете ги, исечкајте ги и оставете да се изладат.

2. Во поголем сад измешајте ленено семе со 4 лажици вода. Оставете ја смесата да отстои околу 5 минути, па додајте: сечкан карфиол, сол, хранливи квасец снегулки, оригано, босилек, лук во прав и пченкарен скроб. Смесата се замесува со раце за да се добие меко тесто. Во меѓувреме пробајте и зачинете по вкус.

3. Тавата обложете ја со хартија за печење. Прво посипете го со пченкарно брашно, а потоа рамномерно распоредете го тестото од карфиол така што ќе направите квадрат или круг со дебелина од околу 1 сантиметар.

4. Печете го тестото 45 минути на 190 ° C. Потоа внимателно превртете го и печете уште 10 минути.

 

Извор: Active Si

Евротип
SNBROKER
To Top