Новости

Рецепти

Зимска идила, шармантна атмосфера и мирис и вкус на еден стар рецепт за варено вино

Седите покрај прозорецот облечени во удобни и дебели пижами, близу до каминот, читате книга и гледате како надвор врни снег. Има ли нешто поубаво од оваа цела оваа шармантна зимска идила. Има, а тоа е вкусот и мирисот на варено вино кое не смее да го пропушти овој момент.

Доколку ги барате вистинските состојки, прочитајте го овој стар рецепт за овој волшебен еликсир, зимски напиток што ќе ве згрее и релаксира во студените денови.

Состојки:

4 лажици шеќер

1 литар вино (црвено или бело зависи од вас)

1 лимон

1 портокал

стапче цимет

7/8 каранфилче

Подготовка:

Во тавче ставете го шеќерот и прелијте го со виното кое ќе го покрие.

Оставете го шеќерот да се раствори, па додадете го остатокот од виното.

Лимонот и портокалот (кои претходно сте ги измиле) исечете ги на прстени. Во виното додадете лимон, портокал, каранфилче и цимет.

Оставете го виното да зоврие и намалете ја топлината.

Гответе на тивок оган 10 минути и потоа… можете да уживате.

 

Евротип
SNBROKER
To Top