Новости

Рецепти

Идеална за слабеење: Есенска супа за рамен стомак

Супите може да бидат од голема помош за спречување на есенското дебелеење кое доаѓа поради краткиот ден и се пораното стемнување.

Според нутриционистите, супите всушност се идеално јадење за слабеење, но многу е важно кои состојки ги ставате во нив, пишува PinkVilla.

Треба да внимавате да не додавате премногу сол за да избегнете надуеност на стомакот. Со крем супите, на пример, иде павлака за готвење, што и не е баш добро. Во некои има путер па дури и колбаси. Јадењето на тие намирници во големи кочини нема да биде од голема помош ако сакате да ослабете.

Додавањето зеленчук во супата е едноставен начин да го зголемете дневното внесување зеленчук во организмот. Покрај тоа, во супата може да додадете и некој вид грав, кој е добар за слабеење бидејќи е богат со влакна.

Исто така, користете бујон од коски (на пример говедски бујон кој се прави од сржта на говедска коска, по можност од коска од бут) бидејќи е богат со протеини и подолго ќе ве држи сити.

Евротип
Евротип
To Top