Новости

Рецепти

И најголемите љубители на месо се воодушевени: Најдобриот рецепт за плескавици од тиквички

Сезоната на тиквички е во ек, па овој рецепт едноставно мора да го пробате.

Дури и најголемите гурмани и љубителите на месо со задоволство уживаат во плескавиците од тиквички и компири, а најдобро од сè е тоа што се подготвуваат многу лесно.

Состојки:
– 1 килограм тиквички;
– Половина килограм компири;
– Свеж магдонос;
– 2 чешниња лук;
– 100 грама брашно;
– Сол и бибер;
– Прстофат мелена пиперка;
– Масло за јадење.

Подготовка:
Излупете ги и добро измијте ги тиквичките, па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Потоа посолете по вкус, па ставете ги во цедалка и добро притиснете ги, па оставете нека се сушат.

Сварете ги компирите, па после варењето излупете ги.

Во една подлабока чинија измешајте ги тиквичките и компирот, па додадете ситно сечкан магдонос, сол, бибер, мелена пиперка и лук. Сето тоа добро измешајте го, па обликувајте плескавици.

Потоа извалкајте ги во брашно и пржете на загреано масло.

Послужете со сезонска салата и уживајте во секое залче.

Пријатно јадење!

Евротип
SNBROKER
To Top