Новости

Рецепти

Како да направите совршено какао со вкус на кикиритки?

Доколку не сте љубител на кафе или чај, во текот на денот можете да се почестите со шолја какао, кое не само што е многу вкусно, туку и многу здраво. Овој пијалок луѓето го подготвуваат на различни начини – со вода, млеко, зачини или без нив… Сепак, веруваме дека сè уште не сте пробале напиток од какао со вкус на кикиритки!

Тоа е многу интересна, вкусна варијација на класичниот рецепт, бидејќи е збогатен со путер од кикирики, што му дава совршена кремаста нота, како и богат вкус на јаткасто овошје. Скоро како Сникерс во чаша! Знаеме дека ја скокоткавме вашата фантазија – па да преминеме на рецепт кој без сомнение ќе ви ги разбуди сите сетила!

Состојки (за една чаша):

250 мл кокосово млеко
15 гр шеќер
15 g путер од кикирики
12 g какао во прав

Подготовка:

Во мало тенџере истурете 50 мл млеко и додадете какао. Мешајќи, загревајте додека не се раствори какаото.

Потоа додадете го преостанатото млеко и сите останати состојки. Загрејте на средна топлина околу 2-3 минути, постојано мешајќи и внимавајте да не зоврие!

Готовото какао истурете го во шолја, украсете со листови бадем, какао во прав или зачини – на пример, анасон и стапче цимет и уживајте во вкусен, кремаст пијалок!

Извор: Elle Russia

Евротип
SNBROKER
To Top