Новости

Рецепти

Колачиња од лешник со чоколаден прелив – Крцкаво задоволство покриено со чоколадо

Состојки:

– 150 гр мелени печени лешници

– 300 гр брашно

– 150 гр шеќер

– 170 гр путер

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1 јајце

И повеќе…

– темно чоколадо за декорација

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и направете ронливо тесто. Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.

Земете делови од тестото и направете топчиња со големина на орев. Ставете го во плех обложен со хартија за печење и секое топче притиснете го малку со дното на чашата.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Кога бисквитот ќе се излади, посипете го со растопено чоколадо.

Пријатно!

Евротип
SNBROKER
To Top