Новости

Рецепти

Колач од јагоди без печење: Сочен, освежителен десерт што ќе ве освои за миг! (ВИДЕО)

Сезоната на јагоди започна и најдобро е да ги јадете свежи, но штета би било да не ги искористиме и за приготвување на највкусните торти и колачи

Веруваме дека многумина од вас пробале слатко и џем од јагода, но овој пат ви откриваме рецепт за фантастичен колач.

Приготвувањето е повеќе од едноставно и сигурно лесно ќе се снајдете, дури и да немате преголемо искуство во кујната. Овој колач не се пече, па затоа нема потреба да вклучувате рерна и дополнително да валкате садови.

Состојки:
450 г јагоди
140 г шеќер
600 мл млеко
50 г пченкарен скроб
20 г путер

Приготвување:
Измешајте 250 г јагоди со 80 г шеќер и сето тоа изблендирајте го или иситнете го миксер.
Потоа, сипете млеко, промешајте, па процедете.
Во смесата додајте скроб и ставете ја да се вари. Постојано мешајте, додека смесата се згусне.
Потоа, сипете ја во огноотпорен сад и оставете ја половина час во фрижидер.
Исечкајте ги преостанатите јагоди, а путерот измешајте го со 60 г шеќер и стопете го.
Потоа, додајте ги исечканите јагоди и варете ги уште малку, постојано мешајќи.
Сипете ги преку филот и оставете ги уште еден час во фрижидер.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства.

 

Евротип
SNBROKER
To Top