Новости

Рецепти

Кремаста и сочна: Рецепт за торта со чоколадо и малини без печење

Сакате да приготвите нешто слатко, а немате многу време на располагање?  Тогаш пробајте го овој рецепт! Станува збор за кремаста и сочна торта која сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:
200 грама бисквити
160 грама путер
440 грама крем сирење
300 грама темно чоколадо
250 грама слатка павлака
малини или други бобинки по избор

Начин на подготовка:
1. Сомелете ги бисквитите и додадете 60 грама растопен путер. Добро измешајте ја смесата и префрлете ја во сад за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

2. Во друг сад изматете 440 грама крем сирење со 100 грама путер. Додадете 200 грама растопено чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. Настрана изматете 150 грама слатка павлака и додајте во смесата со кремот и чоколадото. Добро промешајте.

3. Додајте го кремот врз основата и оставете го колачот во фрижидер околу 30 минути.

Евротип
SNBROKER
To Top