Новости

Рецепти

Крцкави и вкусни: Тајната на совршено печениот компир

Секој што сака да готви, без разлика дали е аматер или професионалец како Џејми Оливер, има своја тајна за совршено печен компир. Некои ја чуваат и не ја откриваат никому таа тајна, додека други ја споделуваат и на социјалните мрежи. Така е случајот со овој трик, кој секогаш овозможува да добиете совршено печени компири со крцкава коричка.

И покрај сите варијации за должината на готвење, најдобар момент за посолување и расправата дали компирот треба да се лупи или не, за најкрцкав компир што некогаш сте пробале потребна е само сода бикарбона.

Пред да го печете компирот, прво треба да го измиете и излупите, а потоа да го исечете на парчиња со големина што вие ја сакате, по можност да се сите парчиња исти. Пред да го ставите компирот во вода, таа треба да врие, а потоа да додадете сол. Во тој момент треба да додадете и лажица сода-бикарбона, која е заслужна за најубавата можна крцкава коричка на компирите што можете да ја замислите.

Потоа продолжете со готвење на вообичаен начин. Односно, го варите компирот 20-25 минути, да омекне. Садот за печење загрејте го во рерна со вентилација на 180 Целзиусови степени. Компирите исушете ги, зачинете ги со сол, со рузмарин и малку масло. Промешајте ги и ставете ги во садот за печење во кој сте ставиле малку масло, а потоа ставете ги да се печат во рерна загреана на 35-40 минути.

Во текот на печењето повремено мешајте ги, за да овозможите содата да дејствува на површината од компирите. Овој едноставен трик ќе ве воодушеви.

GOLD
To Top