Кулинарски тренд – Генијален рецепт за тирамису топчиња

Тирамису моментално е најпопуларниот рецепт кој доаѓа од Италија, па овој генијален десерт, би рекле дека деновиве е кулинарски тренд.
Состојките потребни за создавање на овој хит десерт се исти како состојките кои ги користите за подготовка на класичното тирамису, но самиот процес на подготовка е многу поедноставен.
Состојки:
17 парчиња торта
150 гр маскарпоне или крем сирење
1/4 шолја сварено кафе
1 лажица шеќер во прав
2 лажички какао во прав
Подготовка:
Бисквитите искршете ги на ситни парчиња, па прелијте ги со кафе и убаво измешајте. Во посебен сад измешајте го сирењето со шеќерот во прав и убаво измешајте.
Додадете ја смесата во мелените бисквити и измешајте. Оставете ја смесата во фрижидер околу 10 минути и потоа формирајте топчиња со саканата големина и посипете ги со какао! Уживајте!
