Новости

Рецепти

Летно освежување: Ладен пијалок со лимета

Во лето сите уживаме во освежителни пијалоци како леден чај, лимонада и тоник, но повеќето од нив обично содржат многу шеќер и не ја гасат жедта. Како алтернатива на овие пијалоци, ќе ви претставиме едноставен рецепт за освежителен пијалок со лимета, но без шеќер.

Хидратацијата е важна за нашето тело, особено во лето, бидејќи со потење губиме повеќе течности од вообичаено, особено кога спортуваме на отворено. Поради оваа причина, важно е секогаш со вас да имате шише вода или некој друг освежителен пијалок.

Ви го препорачуваме следниот ладен напиток со лимета.

Состојки
6 излупени лимети
½ чаши мед
неколку листови свежо нане
2 чаши ладна вода
6 чаши мраз

Сите состојки се ставаат во миксер и се мешаат додека мразот не се распадне на ситни парчиња. Можеби ќе треба да додадете повеќе мраз или повеќе вода за овој пијалок да не стане премногу густ.

Овој вкусен ладен напиток испијте го веднаш или понудете го на гостите, а ако ви остане за подоцна, потоа додадете уште коцки мраз за да ја има истата текстура како кога сте го подготвувале.

Совет: Напитокот можете да го прилагодите по ваш вкус и наместо лимета да додадете некое друго овошје по ваш избор.

Евротип
SNBROKER
To Top