Новости

Рецепти

Летно уживање во вкусови – Ориентални и класични салати со сезонско овошје и зеленчук!

Богати со хранливи материи, шарени, но и вкусни салати, се одличен избор за ова лето. Тие се одлично решение во моменти кога немате многу време да направите целосен оброк. Веруваме дека комбинацијата на вкусови ќе ви се допадне. Во прилог ѕирнете во рецептите за необични ориентални и класични салати со сезонско овошје и зеленчук.

1. Салата со пилешко и кари

Сварете го белото месо, а потоа оставете го да се излади. Кога е подготвено, исечете го на парчиња и наредете го на чинија. Украсете со зелена салата, моркови и боранија. Тајната е во дресингот кој се добива со мешање на: јогурт, мелен ѓумбир, коријандер, кари и разни семиња. Истурете го преку зеленчукот и месото и толку! Порцијата е подготвена за сервирање и се разбира уживање!

2. Салата од киноа

Гответе ја киноата, а истовремено испржете ги и исечканите тиквички. Додајте босилек и шери домати. Кога киноата и зеленчукот се подготвени, почекајте да се изладат, измешајте сè добро и додајте парчиња фета сирење во садот за поцелосен вкус.

3. Салата од јаболко

Исечете јаболко, целер и моркови на тенки парчиња или ленти, и наредете ги во чинија. Додадете парчиња шунка и малку ореви, а на крај зачинете со сол, масло, сок од лимон и бибер.

4. Салата од Никозија

За почеток, сварете ги боранијата и компирот, па процедете ги и оставете да се изладат. Истурете го зеленчукот во чинија, и додадете зелена салата, домат и каперси. За вистинско дополнително уживање, наредете парчиња туна и варено јајце исечено на кругови.

Евротип
Евротип
To Top