Новости

Рецепти

Наздравете со одличен пијалок во име на празничната еуфорија

Ни делат мбогу малку часови од влегувањето во 2022 година, а бидејќи Новата година треба да се прослави со стил, најдобриот начин да се постигне добро расположение е добар пијалок.
Можеби немате време да го подготвите за време на пречекот на новогодишната ноќ, но секако можете да го поготвите во другите денови додека трае новогодишната еифорија.

За 4 чаши ви треба:

3 лажички црн чај
парче ѓумбир (околу 3 см)
200 мл рум
200 мл црвено вино
4 лажички мед
4 парчиња портокал
сок од портокал
шеќер за декорација

Подготовка:

1. Црниот чај се прелива со 600 мл. врела вода и се остава да отстои околу 3 минути. Излупете го и исцедете го сокот.

2. Чајот се цеди во подлабока шерпа, па се додава румот, виното, неколку капки сок од ѓумбир и медот. Сè добро промешајте, па загрејте, но внимавајте да не зоврие!

3. Излупете ги портокалите, исечете ги на тенки прстени, а потоа исечете ѕвезда од секој од нив.

4. Рабовите на чашите потопете ги во сокот од портокал, а потоа во шеќерот за да се залепат за работ. Потоа внимателно истурете го пијалокот и украсете го со портокаловите ѕвездички. На здравје!

Евротип
SNBROKER
To Top