Новости

Рецепти

Неодолива идеја за ручек: Модар домат полнет со мелено месо ќе ги воодушеви вашите сетила

Во последно време домаќинките сè почесто експериментираат со јадења во кои главна ѕвезда е модриот домат.

Она што го чини толку популарен секако е вкусот, но и леснотијата со која се прави.

Затоа ви подготвивме рецепт за полнет модар домат – вистински предлог ручек за целото семејство.

Состојки:
– 4 модри домати

– 500 гр. мелено месо

– 2 јајца

– 2 главици кромид

– 3 чешниња лук

– 100 мл. сок од домати

– сол

– бибер

– зачини за декорација

Подготовка:
Измијте го модриот домат, пресечете го по должина и извадете ја средината и ставете ја настрана.

Во сад измешајте малку маслиново масло, средината од модриот домат и додадете малку вода.

Во друг сад ставете го месото, па додадете јајца, сол, ситно сецкани кромид и лук, сок од домат и смесата од средината на доматот кој претходно го подготвивте.

Сето тоа заедно измешајте го.

Добиената смеса наполнете ја со деловите од модриот домат и распоредете ги во тава обложена со хартија за печење.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени, од 30 до 40 минути.

Храната послужете ја топла и декорирајте ја со зачини.

На здравје!

Евротип
SNBROKER
To Top