Не би одолеале на овој вкусен чоколаден рецепт – Направете тоблероне дома

Слаткиот деликатес тоблероне е специфичен и по изглед и по комбинација на состојки. Крцкавите лешници, но и парчиња карамелизиран мед, ја прават оваа чоколада посебна.
Со малку труд и за само половина час можете да подготвите тоблероне кое е многу слично на оригиналното! Погледнете го рецептот во продолжение:
Состојки:
300 гр чоколадо
300 гр лешници
3 јајца
300 гр путер
300 гр бисквити
300 гр шеќер
Подготовка:
1. 200 гр шеќер се карамелизираат и се додаваат 200 гр потпечени лешници. Измешајте, истурете на подмачкан сад и оставете да се излади.
2. Остатокот од шеќерот изматете го со јајцата додека не се запени.
3. Посебно се мати путерот и се соединува со јајцата, се додава растопената чоколада и 100 гр мелени лешници.
4. Карамелот од лешник се дроби и се додава во смесата, па се додаваат мелените бисквити.
5. Убаво измешајте ја смесата за се убаво да се соедини и истурете во калапи.
6. Се остава во фрижидер да се стегне, а потоа…Се разбира, се ужива! Пријатен апетит!
