Новости

Рецепти

Пикантно и необично – Шпагети со лути пиперки

Шпагетите се храна која асоцира на италијанската кујна, па за нив повеќе се спојуваат зачини како ориганото или босилокот, па можеби е малку чудно доколку во нив се додаде малку пикантниот вкус на балканската кујна. Ова е ручек кој ќе ви одземе само 15 минути и се разбира задоволство кое вклучува микс од вкусови кои совршено се вклопуваат.

Состојки:

– 400 гр шпагети

– 4 чешниња лук

– грст свеж магдонос

– 2 свежи лути пиперки

– 6 лажици маслиново масло

– сол

– Пармезан

Подготовка:

Лукот исечете го на тенки парчиња, а и магдоносот ситно исечкајте го. „Направете тенки прстени“ од пиперките.

Сварете ги шпагетите во солена вода. Гответе ги минута-две пократко, да бидат „ал денте“.

Додека се варат шпагетите, загрејте го маслиновото масло во длабока тава на умерена температура. Додадете го лукот и лутата пиперка, па пржете две до три минути.

Промешајте за да не изгори лукот.

Кога лукот ќе се карамелизира и шпагетите се готови, земете една лажичка вода во која се варени тестенините и додадете ја во тавата со лукот и пиперката и убаво измешајте.

Потоа додадете ги исцедените шпагети, а над нив додадете сечкан магдонос и по една минута, кога шпагетите ќе се соединат со сосот, тргнете ги од шпорет.

Додадете дополнителна сол доколку е потребно.

Пред сервирање посипете со пармезан.

Пријатно!

Евротип
SNBROKER
To Top