Новости

Рецепти

Пилешки ролати со сланина – Превкусно кулинарско задоволство

….И кога ќе сфатиме дека понекогаш сакаме да се опуштиме во однос на покалоричната храна и даси го овомзожиме тоа задоволство да уживаме во различни превскусни рецепти, постојано сме во потрага по т.н. совршена кулинарска естетика.

Во продолжение погледнете го рецептот во кој навистина ќе уживате исполнувајќи ја токму таа цел.

Состојки:

– 1 бело пилешко месо

– 15 тенки парчиња сланина

– 100 гр сирење

– 5 кисели краставички

– босилек

– кари

– сол, бибер

– масло

Подготовка:

Белото месо исечкајте го на шницли, па разредете го со чекан за месо.

На парче алуминиумска фолија посипете малку сол, бибер, малку масло, наредете три кришки сланина, врз сланината ставете го белото месо, па зачинете со кари и босилек.

Потоа ставете го сирењето и сечканите кисели краставички.

Виткајте ја сланината во фолија која сте ја посолиле и подмачкале да не се залепи.

Варете ги ролните во фолија во врела вода околу 10 минути, па извадете ги.

Кога ќе се изладат, одвиткајте ги и ставете ги во рерна да се печат.

Послужете со варен зеленчук и салата по желба.

Пријатно!

Евротип
SNBROKER
To Top