Новости

Рецепти

Пица од стар леб – Бидете кулинарски волшебник во само неколку чекори

Извор

Колкумина од вас знаат да замесат добро тесто за пица? Ако не сте баш сигурни околу вашите професионални способности и спретност со тесто, ви нудиме идеја како да станете кулинарски волшебник.

Постапка:

1 леб,

150 мл млеко,

150 мл кисела вода,

4 лажици кечап,

200 гр шунка,

2 свежи колбаси,

1/2 црвена пиперка,

200 гр сирење,

1 лажичка оригано,

1 лажичка сув зачин,

10 маслинки без коски

кашкавал (по избор)

Подготовка:

Лебот исечкајте го на кришки со дебелина до еден прст.

Извадете ја внатрешноста на колбасот и пропржете ја на малку масло.

Измешајте го млекото со киселата вода, па половина од оваа смеса истурете ја во тавче подмачкана со масло и наредете ги кришките леб. Посипете го остатокот од млекото и водата, па оставете го да отстои неколку минути додека лебот малку не омекне.

Измешајте кечап со оригано и суви зачини, па премачкајте го врз лебот.

Измешајте ја сечканата шунка, пржените колбаси, пиперката исечкана на коцки и маслинките и прелијте ги со лебот. Одозгора ставете рендано сирење и кашкавал.

Се пече на 180 степени додека кашкавалот се растопи и порумени.

Евротип
SNBROKER
To Top