Новости

Рецепти

Предлог за десерт: Чоколадни мафини со вишни

Чоколаден десерт комбиниран со овошје.

Потребни состојки:

-250 г брашно

-200 г шеќер

-250 мл млеко

-1 поголемо јајце

-80 мл масло

-2  пакувања ванилин шеќер

-половина пакување прашок за пециво

-половина лажичка сода бикарбона

-3 лажици какао

-150 г чоколадо за готвење или темно чоколадо

-150 до 200 г вишни

Начин на подготовка:

Брашното, шеќерот, ванилин шеќерот, прашокот за пециво, какаото и сода бикарбоната измешајте ги добро во еден сад, а млекото, маслото и јајцето во друг сад.

Со миксер добро соединете ги состојките, па додадете го чоколадото искршено на коцки и вишните.

Смесата ставете ја во хартиени корпи за мафини, но не ги полнете до врвот. Печете околу 20 минути на 200 степени.

Евротип
SNBROKER
To Top