Новости

Рецепти

Пробајте го најстариот рецепт за палачинки

Според достапните пишани податоци, први во исхраната кои користеле палачинки се античките Грци. Ги нарекувале Итриа и ги служеле во текот на паузите во театарските претстави како еден вид ужинка. Ги служеле со прелив од мед и посипани со сусам.

Околу театрите секогаш имало штанд на кој се печеле овие палачинки, а посетителите ги купувале и ги јаделе во текот на паузата меѓу чиновите.

Римјаните го презеле рецептот и ги нарекле „alita dolcia“ – „нешто слатко“, но кај малку подоцна се појавила и солена варијанта, па палачинките биле полнети со месо, риба и сирење.

Дали сакате да знаете како се подготвува најстариот рецепт за палачинки?

Потребни состојки:

-100 г меко брашно

-8 лажички мед

– 1 лажичка сусам

– 1 лажичка маслиново масло

– 200 мл вода

Подготовка:

Ставете го брашното во сад и постепено додавајте ја водата додека мешате, за да се разбијат грутките. Постепено, исто така, додадете половина од медот (4 лажички). Кога ќе се загрее тавата, додадете сусам и пржете додека не добие убава жолта боја. Потоа додадете го во садот.

Во истото тавче додадете масло да се загрее, па ставете една четвртина од смесата така што ќе се обликува како палачинка. Печете ја и од другата страна додека не добие златеста боја.

Повторете ја постапката додека не ја потрошите целата смеса. Ова е доволно за 4 палачинки.

Печените палачинки премачкајте ги со преостанатиот мед, посипете сусам и послужете.

Во ова видео ќе видите подготовката на сличен антички грчки рецепт кој може да го приготвите.

GOLD
To Top