Новости

Рецепти

Рецепт за домашен сок кој го зајакнува имунитетот

Покрај физичката активност и контролираната исхрана која не вклучува гладување, процесот на слабеење, можат да ви помогнат и малите нутриционистички трикови.

Една од нив е сокот од три моќни состојки кои ефикасно го намалуваат чувството на глад, го забрзуваат метаболизмот, обезбедуваат енергија и му помагаат на телото да се ослободи од вишокот маснотии.

Напитокот направен од јаболков оцет и мед е стар сојузник за слабеење, а сега му се придружува и грејпфрутот кој меѓу другото го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разградува мастите.

Состојки:

1 чаша свеж сок од грејпфрут
2 лажички јаболков оцет
1 лажичка мед

Подготовка:

1. Сè убаво измешајте додека состојките целосно не се соединат.

2. Сокот пијте го пред сите три обилни оброци (појадок, ручек, вечера).

3. Постапката повторувајте ја секој ден 7 дена по ред, па направете пауза една недела и повторете ја постапката.

4. Ако не можете да ја поднесете горчината на грејпфрутот, заменете го секој втор ден со свеж сок од портокал.

Евротип
SNBROKER
To Top