Новости

Рецепти

Рецепт за печени палачинки со сирење и спанаќ

Маникоти е популарно јадење од италијанско-американско потекло. Рецептот има две верзии: готови тестенини кои се полнат со сочни филови или мали палачинки кои се полнети со сирење и спанаќ и се печат во рерна. Денес ви споделуваме рецепт за втората варијанта.

Потребни состојки:

За палачинки:

6 големи јајца

375 милилитри вода

150 грама брашно

прстофат сол

растително масло за печење

Состојки за фил:

750 милилитри доматен сос

675 грама рикота сирење

600 грама замрзнат сечкан спанаќ

225 грама рендана моцарела

30 грама рендан пармезан

2 жолчки

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

1. Подгответе ги палачинките: изматете ги јајцата во миксер со голема брзина. Намалете ја брзината и постепено измешајте ги брашното, солта и водата. Мешајте додека не добиете еднолична смеса без грутки. Покријте ја смесата со крпа и оставете ја да отстои два часа.

2. Во тавче загрејте малку масло и на вообичаен начин испржете ги палачинките. Користете две лажици смеса за секоја палачинка.

3. Направете го филот: исцедете го вишокот вода од одмрзнатиот спанаќ и измешајте го во поголем сад со рикотата, ренданата моцарела и ренданиот пармезан. Измешајте ги жолчките и зачинете со сол и бибер.

4. Во огноотпорен сад за печење ставете третина од сосот од домати, а потоа намачкајте ги палачинките кои сте ги наполниле со смесата од сирење и спанаќ. Остатокот од доматниот сос премачкајте го врз наредените палачинки и ставете ги во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 35 до 45 минути.

5. Оставете го садот да се излади околу 15 минути пред да ги извадите палачинките. Добар апетит!

Евротип
SNBROKER
To Top