Новости

Рецепти

Рецепт на денот: Крокети од компири со шунка и кашкавал

Потребни состојки:

1 кг компири

50 г презла

150 г пченкарно брашно

2 лажички лук во прав

40 г путер

Сол

2 јајца

250 г шунка(исечкана на коцки)

150 г кашкавал(исечкан на коцки)

За похување:

2 јајца

2 лажици млеко

Малку брашно

Презла

Масло

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите, сварете ги и изгмечете ги додека се топли. Додајте брашно, путер и посолете. Измешајте и откако ќе се изладат додајте јајца, сечкана шунка и замесете.

Од добиената смеса направете топчиња со посакуваната големина. Во средина на секое топче ставете коцка кашкавал и повторно обликувајте ги крокетите.

Формираното топче извајкајте го во брашно, потоа во брашно со малку млеко и на крај во презла. Пржете во масло на умерена температура по неколку минути и од двете страни. Крокетите се готови откако ќе добијат златно-кафеава боја.

Послужете ги со кечат, сос од домати или сос по желба.

GOLD
To Top